Во Штипската болница сите радиолошки техничари работат иста работа, а една од нив земала повисока плата – утврдена е дискриминација

Клиничката болница Штип ги дискриминира радиолошките техничари што работат таму, затоа што не им дава додаток на плата за образованието што го стекнале, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Станува збор за медицински персонал што работи на одделот за радиодијагностика, односно за дипломирани радиолошки технолози.

Од 12 радиолошки техничари на одделот во штипската болница само на 1 му е признаено правото на додаток на плата за образование. Иако сите радиолошки технолози на одделот во клиниката работат исти испитувања – вршат компјутерска томографија и магнетна резонанца на пациентите образовниот статус не само што не им е вреднуван на најголемиот дел од нив, туку се и помалку платени.

Ова според наведеното во мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се случува иако сите 11 лица работат на истата медицинска апаратура со колегите што го добиваат додатокот. До комисијата за заштита од дискриминација оштетените ги испратиле и своите сертификати за завршена обука преку Здружението на радиолошки технолози.

Согласно таквите околности и факти Комисијата утврди продолжена индиректна дискриминација врз основа на образование врз вработените со звање дипломиран радиолошки техничар сторена од ЈЗУ Клиничка болница Штип.

повеќе

Back to top button
Close