Во штипскиот Ковид центар 28 пациенти се на кислородна поддршка

 Над половина од хоспитализираните пациенти на штипското Инфективно одделение се борат за живот. Постојано се на кислородна поддршка поради ниската сатурација, односно кислород во крвта, од што зависи и функционирањето на органите.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека на 28 пациенти им е потребна кислородна поддршка.Трет ден во регионалниот Ковид-центар бројот на хоспитализирани е 56. Тој потенцира  дека за разлика од минатата недела намален е бројот на пациенти кои се лекуваат во болнички услови, но расте бројот на тешките пациенти. Од друга страна голем е притисокот на пациенти во дневната Ковид-амбуланта, каде што дневно лекарска помош бараат и по сто заразени пациенти од целиот источен регион.

-За пациентите кои чекаат на преглед пред Ковид-амбулантата, во текот на утрешниот ден ќе биде поставен шатор, донација од Црвениот крст. Во него ќе ставиме и клупи и ќе обзебедиме греалки, за да им биде топло на пациентите, кои чекаат надвор во кругот на одделението, вели  Ѓеорѓијев.

 Во источниот регион активни случаи на коронавирус има 1738

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close