Во штипскиот регион гласањето се одвива мирно

 Во Штип на 80-те избирачки места излезноста е 32,76 отсто. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева информира дека гласањето на изборите се одвива без проблеми.

– До Општинската изборна комисија не се стигнати никакви преставки, жалби и поплаки, ниту од граѓани, ниту од независни набљудувачи, вели Андреева.

Во текот на попладневните часови на избирачките места може да се забележи дека излезноста е помала, но од ОИК велат дека гласачите вообичаено се очекуваат да пристигнуваат во попладневните часови.

Инаку здарвствените протоколи се почитуваат од страна на избирачките одбори, не дозволуваат граѓаните да влезат без маски и мора да држат дистанца. Најголема излезност во Брегалничкиот регион бележи Пробиштип, каде што до 13 часот на гласање излегле 33,6 од вкупниот број на гласачи.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close