Во Сибир беснеат повеќе од 220 шумски пожари

Низ целиот руски регион Јакутија, на далечниот Сибир, беснеат повеќе од 220 шумски пожари на површина од 2.400 хектари, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.

Во текот на изминатиот ден изгаснати се 15 од вкупно 222 пожари, се додава во соопштението на министерството, пренесено од Тасс.

Два авиона од типот „Бе-200“ учествуваат во гаснење на пожарите, испуштајќи досега околу 30 тони вода.

Во акција за извидување и гаснење беа вклучени и хеликоптерите „ Ми-8“ на Министерството за вонредни ситуации, како и повеќе од 2.000 лица.

Во Јакутија од 1 јули на сила е вонредна состојба, како регион во кој пожарите се исклучително чести, потсетува руската агенција.

Back to top button
Close