Во Скопје 151 казнети возачи, 39 за брзо возење

На територија на Град Скопје вчера во засилените акциски сообраќајни контроли се изречени вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 32 мерки за возење под дејство на алкохол, 20 санкции за возење без возачка дозвола.

Од МВР денеска информираа дека се изречени шест мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат

Back to top button
Close