Во Скопје 166 сообраќајни прекршоци, 11 за брзо возење


Во рамки на сообраќајните контроли на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции.

Како што соопшти МВР, изречени се и шест мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, пет за недавање првенство на минување на пешаци, по четири санкции за користење мобилен телефон при возење, за возач почетник и за некористење сигурносен појас, три санкции за нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР, со апел за почитување на сообраќајните правила за посигурни патишта

Back to top button
Close