Во Скопје 45 казни за брзо возење, 25 за управување под дејство на алкохол

Санкционирани се 180 возачи, од кои 45 за брзо возење, во вчерашната акциска контрола на полицијата во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје.

Изречени се и 25 санкции за управување под дејство на алкохол, 11 мерки за возење без возачка дозвола,  седум за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за возач почетник, четир за минување на затворен сигнал (црвено светло), две за некористење сигурносен појас…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР

Back to top button
Close