Во Скопје ќе се суди за пожарот во „Пулс“, одлучи Врховен суд

Во Кривичниот суд во Скопје ќе им се суди на 34-та обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ова е одлуката на Врховниот суд откако кочанскиот суд се иззема.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“, го определи Основниот кривичен суд Скопје“, велат од Врховниот суд.

Нема судии во Кочани за евентуално судење за трагедијата. Сите петмина судии од Основниот суд во Кочани постапувале во прв или втор степен во постапката што се води за трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во која загинаа вкупно 62 лица.

Штипска апелација даде мислење дека ниту кочанскиот, ниту штипскиот ниту струмичкиот суд не исполнуваат услови да го ценат обвинението за пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. Поради ова, сега Врховниот суд требаше да пресече и да одлучи кој суд ќе биде надлежен да спроведе судење за грозоморниот пожар

Back to top button
Close