Во Скопје фатен криминалец баран со потерница за доиздржување казна затвор

Полициски службеници од Оперативниот тим за потраги при СВР Скопје денеска во 16:20 часот на улицата „Лисец” во Скопје, го лишиле од слобода С.М.(27) од Скопје.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тој бил осуден на затвор од 20 години за сторени кривични дела по член 186 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран со централна потерница а доиздржување на шест години и два месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Back to top button
Close