Во Скопје изречени 145 казни за брзо возење

Санкционирани се 145 возачи во акција на полиција спроведена денеска од 9 до 16 часот на подрачјето на Скопје. Санкциите, како што соопшти МВР, се за возење со брзина поголема од пропишаната.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР во соопштение.

Back to top button
Close