Во Скопје изречени 237 казни, 137 за брзо возење

На територија на Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 237 мерки за прекршоци од областа на сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се изречени 137 санкции за брзо возење,  18 мерки за возење без возачка дозвола,  29 санкции за управување под дејство на алкохол…

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

Back to top button
Close