Во Скопје казни за 148 возачи, 60 под дејство на алкохол

На територија на Град Скопје 148 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во рамки на контролите во областа на сообраќајот.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 11 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 60 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.

Back to top button
Close