Во Скопје претставен поетскиот опус на истакнатиот хрватски поет  Валерио Орлиќ

Како дел од програмата за одбележувањето на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, денеска напладне, во  Музејот на македонската борба во објектот “Порта Македонија”, во Скопје, беше претставен поетскиот опус на истакнатиот хрватски поет Валерио Орлиќ и беше  промовирана неговата најнова збирка поезија “Љубов распослана по морето”.

Го претстави професор д-р Васил Тоциновски, додека стихови од  најновата збирка на хрватски читааа  авторот, а на македонски Сашо Огненовски.

Д-р Тоциновски, добар познавач на хрватската литература, во минатото и денес, и поранешен раководител на Лекторатот по македонски јазик во Риека, Хрватска, нагласи дека Орлиќ е своевиден континуитет на историските културни врски помегу Македонија и Хрватска, кои не враќаат назад низ вековите, се до културната, јазична и просветиотелска средновековна комуникација помегу културните центри Охрид и Дубровник.

Изблик на македонско – хрватското културно поврзување е чинот на печатењето на  Зборникот на  стружаните, браќата Миладиновци во 1861 година, во Загреб,  од страна на бискупот Јосип Јурај Штросмаер.

Подоцна, 1939 година и на збирката поезија  “Бели мугри”  на Коста Рацин, основачот на македонската современа поезија, во Самобор, крај Загреб.

Врз тоа културно наследство, денеска се потпираат творештвото и присуството на стиховите на Валерио Орлиќ, помегу македонската читателска публика. Не случајно, Орлиќ, мегу другото, е добитник на  „Балканската награда за поезија“  на 46-ите “Караманови средби” во Радовиш (2019), како и на „ Струшко слово“  – Струга, 2015 и  „Слово“ –  Битола, 2016.

Покрај во Македонија, Орлиќ настапувал и во многу земји во светот и  е добитник на низа хрватски и мегународни признанија за неговиот придонес во книжевноста во неговата земја, кај нас, потоа во  Италија, Словенија, Србија, Бугарија, Полска, Украина  и други земји, потенцираше д-р Тоциновски.

Орлиќ е добитник и  на Мегународната награда „Хомер“ за придонес во европската и светската книжевност – Брисел, 2018.

Како израз на признателност, Орлиќ денеска беше примен во Министерството за култура, каде се сретна и разговараше со Д-р Биљана Туџарова Ќупева, од Кабинетот на министерката Бисера Костадиноска – Стојческа.

 

Орлиќ, утре, ќе биде дел од прославата и  чествувањето на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, мегу етничките Македонци во Албанија, кое содржи низа  промоции на книги и  поетски читања од страна на автори од Македонија и Албанија.

За таа прилика, од Тирана во Пустец, најавија патување и учество  хрватскиот амбасадор во Албанија, Златко Крамариќ, заедно со амбасадорот на Северна Македонија, Данчо Марковаски.

Валерио Орлиќ, истакнат хрватски поет, основач,  сега почесен претседател на Хрватското книжевно здружение.

Веле Митаноски

 

 

 

 

Back to top button
Close