Во Скопје приведен криминалец баран со потерница
– Полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка – Отсек потрага денеска го лишиле од слобода Е.Е. (49) од Скопје, кој се барал со потерница.
Од МВР соопштија дека во 13:50 часот на ул.„Индира Ганди” во Скопје од слобода е лишен Е.Е. (49) од Скопје, кој се барал со потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор во траење од две години.
– Лицето е приведено во ПС-ОН Чаир за понатамошна постапка, стои во соопштението од МВР.