Во Скопје регистрирани 173 сообраќајни прекршоци, 56 за брзо возење

При засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје припадници на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден изрекоа вкупно 173 мерки.

Од нив, како што информира МВР, 56 санкции биле за возење со брзина поголема од дозволената, 43 мерки за управување возила под дејство на алкохол, а 17 за возење без возачка дозвола.

Покрај ова, изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон при возење, како и осум санкции за возач почетник.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.

Back to top button
Close