Во Скопје санкционирани 157 возачи, од кои 20 за брзо возење


При контроли во областа на сообраќајот на територија на Градот Скопје во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи изрекло вкупно 157 мерки, меѓу кои 20 казни за движење со брзина поголема од дозволената, 12 за управување возила без возачка дозвола и 18 санкции за возење под дејство на алкохол.

Како што информира МВР, меѓу останатите, изречени се и девет мерки за минување на црвено светло и пет казни за користење мобилен телефон при управување со возило.

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.

Back to top button
Close