Во Скопје санкционирани 178 возачи, од кои 30 за управување со брзина поголема од дозволената

Сообраќајната полиција вчера во Скопје изрекла 178 мерки, од кои 30 за управување со брзина поголема од дозволената, 19 мерки за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 13 за користење на мобилен телефон.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Back to top button
Close