Во Скопје санкционирани 197 возачи
Вупно 197 мерки се изречени само на територијата на Град Скопје, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, во текот на вчерашниот ден, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
МВР денеска соопшти дека 12 санкции се изречени за нерегистрирани возила, а 14 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се и 10 санкции за возење под дејство на алкохол, 38 мерки за непрописно паркирани возила и седум санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, се наведува во соопштението и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.