Во Скопје санкционирани 203 возачи, 36 за брзо возење


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Како што информира, на територија на град Скопје се изречени вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 21 за возење под дејство на алкохол, како и осум санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се и 14 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила,…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.

Back to top button
Close