Во Скопје санкционирани 217 возачи, 76 за брзо возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи вчера за време на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, изрече вкупно 217 мерки.

Како што соопшти МВР, од 217 мерки на подрачјето на Скопје, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 76 санкции, 33 санкции за возење под дејство на алкохол, 15 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за некористење на сигурносен појас, 29 за непрописно паркирање…

МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Back to top button
Close