Во Скопје санкционирани 219 возачи 

 На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во сообраќајот изречени се вкупно 219 мерки.

Како што соопштија денеска од МВР, 13 мерки се изречени за возење без возачка дозвола, 10 мерки за непочитување на брзината, 8 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 8 санкции за поминување на затворен семафор (црвено светло), 4 за управување под дејство на алкохол, 14 мерки за користење на мобилен телефон, 8 за некористење на сигурносен појас и 88 мерки за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Back to top button
Close