Во Скопје санкционирани 252 возачи, 110 за брзо возење

При засилените акциски контроли во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје, Министерството за внатрешни работи изрече вкупно 252 мерки, меѓу кои 110 за возење со брзина поголема од дозволената, 21 санкција за управување возило без возачка дозвола, како и четири казни за некористење на сигурносен појас.

МВР информира дека меѓу останатите се изречени и четири санкции за користење мобилен телефон, 13 мерки за нерегистрирани возила, пет казни за минување на црвено светло, две за недавање првенство на минување на пешаци, како и една санкција за возач почетник.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.

Back to top button
Close