(Видео) Во Скопје се одржа Парада на гордоста

Парада на гордоста попладнево се одржа во Скопје. Собирот кој се одржува по осми пат, започна во 19:00 часот од кај Фонтаната во Градскиот парк, а заврши во Жена парк.
„Скопје Прајд 2026“, како што посочија организаторите, претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот со порака за видливост и солидарност.

-И оваа година останува форматот на протестна поворка која почнува тука од пред фонтаната Лотус и преминува низ неколку улици во градот. Оваа година слоганот на Парадата на гордоста е „Сите нека знаат“ кој укажува на потребата на ЛГБТ – заедница да биде видлива, изјави меѓу другото Ангел Димитриевски
Со транспаренти на кои беа напишани пораки за поддршка на ЛГБТИ+ заедницата и знамиња и облека во боите на виножитото, граѓани и активисти денеска маршираа низ неколку скопски улици на осмата Парада на гордоста чие мото годинава беше „Сите нека знаат“, порака која симболизира укажување на потребата на ЛГБТИ+ заедницата да биде видена оти и понатаму се изложени на системска дискриминација, како од институционален карактер, така и од општествена стигматизација.
Маршот започна пред фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, а од булеварот „Илинденска“, па преку булеварот „Партизански одреди“, и заврши во паркот Жена-борец пред Собранието. Организаторите порачаа оти овогодинешниот настан е протестен марш со која сакаат да испратат порака за почит, еднаквост и достоинствен живот за ЛГБТИ+ заедницата која се соочува со голем број предизвици.






