Во Скопје вчера казнети 119 граѓани за сообраќајни прекршоци

При засилени контроли на полицијата во областа на сообраќајот, вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки. Од нив за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 15 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, а 12 санкции за возење под дејство на алкохол.

Како што соопштија од МВР, изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Од полицијата апелираат граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи.

Back to top button
Close