Во Скопје вчера казнети 166 возачи од кои 37 за брзо возење

На територија на град Скопје полицијата вчера изрекла 166 мерки, меѓу кои, за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 12 казни за возење без возачка дозвола, три мерки за возач почетник.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека изречени се и пет санкции за користење мобилен телефон при возење, 16 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, осум мерки за возење под дејство на алкохол…

Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Back to top button
Close