Во Скопје вчера казнети 192 возачи, од кои 21 биле пијани

Во засилени сообраќајни контроли во Скопје, полиција вчера казнила вкупно 192 возачи во еден ден. Најмногу казни има за возење повеќе од дозволената брзина (68), осум мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за нерегистрирани возила.

„Изречени се 21 мерка за управување под дејство на алкохол, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло…“,соопшти полицијата.

Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови. Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Back to top button
Close