Во Скопје вчера санкционирани 207 возачи 

Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на Град Скопје санкционира 207 возачи, меѓу кои 24 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила и шест за поминување на црвено светло на семафор. Изречени се и 11 санкции за користење  мобилен телефон, 60 за непрописно паркирање, 16 за неносење  заштитна маска, а 47 возила се подигнати со специјалнтоо возило „пајак“ .

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

Back to top button
Close