Во Скопје вчера санкционирани 285 возачи, 33 без возачка дозвола
– На територијата на Град Скопје вчера полицијата изрече 285 мерки, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 20 за возење под дејство на алкохол, 18 за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти МВР.
Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се и 85 мерки за непрописно паркирање, а 18 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 22 санкции.
Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.