Во Скопје вечерва 13-та дезинсекција против комарци сезонава
Вечерва ќе биде спроведена 13-та дезинсекција против комарци за оваа сезона со теренски третман – соопшти денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својата фејсбук-страница.

– Активностите продолжуваат и во наредните денови. Издадов налози на 20 август да се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август во раните утрински часови да се изврши авионска дезинсекција, а од 23 до 26 август да се спроведува терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Сите активности се реализираат во согласност со годишната програма, законските обврски и елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, одобрен од здравствените власти – се додава во објавата.
Ѓорѓиевски потсети дека во изминатиот период биле реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци.
– Дезинсекција против ларви: 7 мај – авионска дезинсекција, 11 јуни – авионска дезинсекција, 26 јуни – теренска дезинсекција, 10 јули – авионска дезинсекција, 23 јули – теренска дезинсекција, 11 август – теренска дезинсекција. Дезинсекција против возрасни форми на комарци: 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција, 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција, 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција, 13 и 15 јули – теренска дезинсекција, 30 и 31 јули – авионска дезинсекција, 4 и 6 август – теренска дезинсекција. До крајот на сезоната ќе се извршат повеќе од 20 дезинсекции против комарци – најави Ѓорѓиевски.
Овие податоци, како што се наведува во објавата, најдобро покажуваат дека активностите се спроведуваат континуирано, навремено и во согласност со однапред утврдена динамика.
– Продолжуваме навремено и системски да работиме на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните – додаде скопскиот градоначалник.






