Во Скопје за еден ден, четворица поднеле пријави за каснување од куче
Вчера, во скопската полицијата стасале четири пријави за каснување од куче.
Во 12 часот во Кисела Вода, М.Б (61) пријавил дека го каснало куче скитник на ул. „Марко Орешковиќ“. Во 13.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.А.(56) од Скопје пријавил дека бил каснат на улица.„Перо Наков”. Во 17.05 часот, исто во Гази Баба, Ѓ.Д.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„16-та Македонска бригада” бил каснат од куче скитник. Во 17.40 часот, во Полициската станица Аеродром, Н.М.(28) пријавила дека на ул.„Владимир Комаров”, куче скитник го каснало нејзиниот малолетен син.