Во скопска фабрика индустриски робот уби работник


Утринава во фабрика во скопската населба Ѓорче Петров се случи трагичен инцидент при кој животот го загуби работник управувајќи индустриски робот за пакување на готови производи, објави порталот 24 Инфо.

Според неофицијални информации, при управувањето со роботот дошло до неконтролирана секвенца на работа, што резултирало со смртта на работникот. Засега не е познато дали причината е технички дефект, пропуст во безбедносните протоколи или грешка во софтверот.

Полицијата и Инспекторатот за труд излегоа на лице место и ја обезбедија фабриката.

Технички тимови веќе работат на анализа на системот и опремата, а официјални детали за причините за несреќата се очекуваат во наредните денови.

Back to top button
Close