Во Словачка запленети 1,5 тони метамфетамини

Словачките власти денеска соопштија дека кон крајот на мај биле откриени и запленети 1,5 тони метамфетамини, кои биле прошверцувани од Мексико.

Вредноста на запленетата синтетичка дрога се проценува на околу  два милиона евра. Метамфетамините биле скриени во големи метални контејнери за транспорт на течност, кои пристигнале од Хрватска.

Тоа е најголемо количество на запленета дрога во Словачка.

Back to top button
Close