Во Словенија итно потребни нови кревети на одделенијата за интензивна нега поради голем број пациенти со Ковид-19

Во Словенија, во третиот бран на епидемијата со Ковид-19, бројот на хоспитализирани лица со тешки симптоми рапидно расте, поради што владата денеска им нареди на болниците да го зголемат капацитетот во одделите за интензивна нега на ковид-болниците.

– Болниците треба да обезбедат уште 179 кревети во единиците за интензивна нега до крајот на неделава, изјави министерот за здравство Јанез Поклокар за време на посетата на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, најголемата болница во земјата.

Во моментов има 145 пациенти во одделенијата ковиод во УКЦ, од кои 43 се на интензивна нега и на сите им е потребна респираторна поддршка, тие се во критична фаза и животно загрозени. Има двојно повеќе мажи од жени, 28 проценти од пациентите со Ковид-19 се на возраст под 60 години, а речиси третина се на интензивна нега. Тоа се дел од информациите што министерот ги добил при посетата на УКЦ.

Според инфектологот од Универзитетскиот медицински центар, Татјана Лејко Зупанц, во третиот бран на епидемијата, помлади пациенти на возраст од околу 60 години биле хоспитализирани почесто отколку во вториот бран, што е за 10 години помалку од просекот во вториот бран.

– Најстариот пациент има 96 години, а најмладиот – 31 година, додаде таа.

Back to top button
Close