Во Словенија невработените добиваат по 514 евра кризен додаток

За помошта досега аплицира 1.930 лица, а прифатени биле над 80 отсто информираат од заводот.

Оваа помош е дел од првиот таканаречен „анти-корона“ закон, кој беше донесен на почетокот на април. Тој предвидува сите оние кои поради епидемијата, односно после 13 март ги загубиле работните места да можат да добијат неповратна финансиска помош од државата.

Словенечката економија трпи големи последици од пандемијата, а една од главните причини за тоа според познавачите е што таа е прилично извозно ориентирана. Според предвидувањето на државната Банка на Словенија, оваа година економијата ќе биде во минус, а раст се предвидува веќе за следната 2021. ав/сд/

Back to top button
Close