Во Словенија нов случај на коронавирусот откриен кај пациент кој болнички се лекувал од друга болест

Здравствените власти во Словенија потврдија дека откриле нов случај на коронавирусот во општата болница во градот Јесенице, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Се работи за пациент кои бил сместен на одделот на гастроенхепатологија, кај кој брисот покажал дека е позитивен на вирусот. Се работи за истата болница каде што пред само неколку дена беше откриена медицинска сестра со Ковид-19, по што голем број нејзини колеги беа тестирани и пратени во 14 дневна самоизолација.

Инаку, во Словенија вкупно од почетокот на епидемијата беа потврдени 1486 случаи на коронавирусот, а поради Ковид-19 починаа 109 лица.

Back to top button
Close