Во Словенија рекорден број на новозаразени со коронавирусот

– Во изминатите 24 часа во Словенија се регистрирани 79 нови случаи на коронавирус од 2.560 тестирани лица, што е дневен рекорд од 4 март, кога се појави првиот случај на Ковид-19 во земјата, покажуваат најновите податоци на Владата.

Во моментов има 590 активни случаи.

Вкупно 33 пациенти се наоѓаат во болници, од кои четворица се на интензивна нега, според податоците на страницата covid-19. sledilnik.org.

Вчера немаше смртни случаи, па вкупниот број на смртни случаи остана на 135 починати.

Од појавата на првиот случај на Ковид-19 во Словенија, регистрирани се 3.312 заразени лица.

Back to top button
Close