Во Словенија шест новозаразени со коронавирусот од кои две се деца

Словенечките здравствени власти објавија дека во земјата има повторен пораст на новозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

За разлика до вчерашните два, денеска се потврдени шест нови случаи на лица позитивни на тестот за Ковид-19.

Меѓу заразените тројца се од Љубљана, еден од Пиран, а вирусот е потврден и кај двајца странски државјани. Лекарите потврдија дека меѓу новите случаи има и две деца, односно се работи за момче и девојче.

Од Ковид-19 во болниците во земјата се лекуваат вкупно шест пациенти.

Back to top button
Close