Во Словенија законски ќе се забрани продавниците да работат во недела – трговците се против

– Здружението на трговците на Словенија е против предлог законот кој предвидува продавниците да не смеат да работат во недела, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Од здружението сметаат дека со ваквото решение, директни губитници ќе бидат токму вработените во овој сектор. Пресметките покажале дека доколку трговските објекти останат затворени секоја недела, прометот би опаднал за 10 отсто, што директно би влијаело и врз платите на вработените во трговијата.

– Во овие кризни времиња потребно е и работниците и синдикатите и политичарите да настапат обединети со идеи за повторен раст на економијата и трговијата, а не да се превземаат мерки со кој дополнително ќе се влоши ситуацијата, изјави Марича Лах, од Здружението на трговци на Словенија.

Инаку, овој предлог Закон доби поддршка и од власта и од опозицијата.

Back to top button
Close