Во соби за мачење во Херсон заробени се околу 600 луѓе, тврди Украина

Украина ја обвини руската војска дека киднапирала жители во окупираниот регион Херсон на југ во земјата, како и тоа дека ги чува во „соби за мачење“.

„Според нашите информации со кои располагаме, околу 600 луѓе се заробени во посебно опремени подруми, во соби за мачење, во регионот Херсон“,

изјави денеска на пресконфреренција Тамила Тачева, која е дел од Кабинетот на украинскиот претседателот Володимир Зеленски, задолжена за окупираниот полуостров Крим.
Таа тврди и дека околу 300 луѓе се наоѓаат во подруми во градот Херсон, а останатите во населби ширум тој регион, пренесува украинската агенција Укринформ.

„Заробени се во нечовечки услови, Русите ги измачуваат“,

изјави Тачева, додавајќи дека меѓу заробените има голем број „новинари и активисти кои ги организирале проукраинските протести во Херсон“, откако руските сили ја окупираа оваа територија.

Според неа, дел од Украинците кои и претходно биле заробени во регионот на Херсон, како цивили така и борци, биле испратени во затвори во Крим.

Back to top button
Close