Во Собранието седница за пратенички прашања

Собранието денеска ќе ја одржи 32. пленарна седница на која на деневен ред се пратенички прашања.

Седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот, а според воспоставената практика, први за поставување прашања на премиерот и министерите се пратениците од опозицијата.

На паузата, се очекува да се одржи продолжението на 33. седница и да се гласа за измените на Законот за инспекциски надзор.

Претходно, претпладнето претседателот на Собранието Африм Гаши ќе го одржи редовниот месечен брифинг со новинарите

Back to top button
Close