Во Собранието за денеска закажани четири седници
Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска се закажани четири собраниски седници. Од нив едната – 29. седница е нова, а оснатаните се продолженија на веќе започнатите 19., 20. и 26. седница.
На новозакажаната 29. седница, како точки на дневен ред, меѓу другите, се предложени Предлог одлука за огласување избор на претседател, потпретседател и членови на Државна изборна комисија и Предлог на закон за ратификација на Технички аранжман меѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Грција за заштита на воздушниот простор FIR SKOPJE (LWSS).
Како точна на дневен ред на оваа седница е ставен и Предлог на закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка, кој во собраниска процедура е со европско знаменце.
Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска има закажано и три продолженија веќе почнати седници.
На продолжението на 19. седница треба да се разгледаат Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за инспекцијата на труд, по скратена постапка и Предлог на закон за изменување на Законот за инвалидски организации, по скратена постапка.
Закажано е и продолжение на 20. седница на чиј дневен ред, меѓу другите, е останат и Предлог – законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка. По него во петокот и ноќта межу петок и сабота расправаа пратениците, по што во утринските часови седбицата беше прекината со најава дека продолжението ќе биде дополнително закажано.
Пратениците треба да ја продолжат и 26. седница на чиј дневен ред се останати Предлог на законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, Предлог на закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка, Предлог на закон за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка; Предлог на закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, Предлог-законза рамномерен регионален развој, Предлог на стратегија за регионален развој на Република Северна Македонија 2020 – 2030, како и Предлог законза контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.