Во Софија почнува средбата на шефовите на дипломатиите на ЦЕИ

Во резиденцијата „Бојана“ крај Софија ќе се одржи состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), јави дописникот на МИА од Софија.

На неа ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на Северна Македонија Бујар Османи, на Унгарија Петер Сијарто и на Србија Ивица Дачиќ. По пленарната седница, бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков, претседателот на ЦЕИ Роберто Антонионе и државниот секретар на МНР на Молдавија  Владимир Кук, ќе оддржат зедничка прес-конференција.

На официјалната вечера што синоќа Милков ја приреди за министрите и шефовите на делегации на конференцијата на ЦЕИ во Софија ја истакна водечката улога на Иницијативата за зајакнување на регионалната соработка и справување со заедничките предизвици со кои се соочува.

Пред присутните се обрати и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Матијас Корман, како и регионалниот директор за Европа на Светов Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуге.

Стана збор за заедничките иницијативи меѓу ЦЕИ, ОЕЦД и СЗО за развој на регионалната соработка. По средбата на ЦЕИ, денеска министрите Милков, Османи и Сијарто, ќе присуствуваат на работата на регионалниот бизнис форум.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, ЦЕИ е една од најстарите иницијативи за регионална соработка во Европа, формирана е на 11 ноември 1989 година по падот на комунизмот и Берлинскиот ѕид.

Back to top button
Close