Во Солт Лејк Сити прогласена вонредна состојба, протести поради полициска бруталност

 Гувернерот на Јута, Гери Херберт, синоќа прогласи вонредна состојба во главниот град на сојузната држава, откако таму избија насилни протести.

Вонредната состојба е воведена поради спречен пристап до државниот Капитол, во време кога властите се обидуваат да издејствуваат промени во политиките на полициската служба за да се „отстрани систематската неправда“, пишува Вашингтон пост.

Протестите се реакција на инцидентот при полициска интервенција на 23 мај годинава и убиството на 22-годишниот Бернардо Паласиос-Корбахел, за што обвинителството вчера оцени дека полицајците постапиле правилно и не покрена обвинение.

Како што соопштуваат локалните медиуми, во одговор на одлуката, стотици демонстранти ги скршиле прозорците и фрлале црвена боја врз зградата на обвинителството.

Во протестот е повреден еден полицаец, а двајца демонстранти се уапсени.

Back to top button
Close