Во сообраќајка кај Хоргош загина 39-годишен Македонец, бил сопатник во автомобилот

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се здобил со тешки телесни повреди, објави РТС.

Возило „киа“ со македонски регистарски таблички, кое се движело по автопатот кон Хоргош, излетало од патот, а потоа се превртело.

Во несреќата загинал сопатникот Н.А.(39), додека возачот А.А.(60) е тешко повреден и пренесен во болницата во Суботица каде што ја прима потребната медицинска помош, известија од РТС.

Сообраќајната полиција и обвинителот на Основното јавно обвинителство во Суботица биле на местото на настанот

Back to top button
Close