Во сообраќајка во Битола почина 65-годишник

МВР информира дека вчера во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул. „Наум Наумовски“ со ул. „Прилепска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(65) од Битола и патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П. и бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што подоцна починал

Back to top button
Close