Во сообраќајка во Кочанско загина 57-годишник

МВР информира дека вчера во ОВР Кочани било пријавено дека на земјен пат кој го поврзува локалниот пат с. Оризари – с. Пресека со маало „Јовевци“ кај место викано „Лозата“, патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(57) од с. Стар Караорман, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.Д..

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кочани

Back to top button
Close