Во сообраќајката кај прилепско Радобил загинаа возач и сопатник во „пасат“, петмина се тешко повредени
МВР соопшти детали за страшната сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи кај прилепското село Радобил, а во која има две жртви и тројца тешко повредени.

„На 04.11.2025 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај с. Радобил, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од О.О.(31) од с. Тополница, радовишко и патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(35) од с. Дреново, кавадаречко.
– Advertisements –
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Ѓ.П. и неговиот сопатник Б.П.(56) од с. Дреново, кавадаречко.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „киа“ и неговиот сопатник С.О.(24) од с. Тополница, радовишко, како и сопатниците од патничко возило „киа“ Н.П.(28), Т.П.(53) и С.П.(31) сите од с. Дреново, кавадаречко, констатирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп“ – соопштија од МВР.






