Во сообраќајки во Охрид и Кавадарци тешко повредени се двајца мотоциклисти


МВР информира дека вчера претпладне во 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(87) од Скопје и мотоцикл „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Х.П.(29) од с. Мислешево, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Вечерта, пак, во 20:30 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на ул. „8 Септември“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(44) од Кавадарци и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од О.Р.(18) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Кавадарци.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close