Во сообраќајна несреќа со мотоцикл загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

Драган Лазиќ (32), братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ загина денеска во тешка сообраќајна несреќа.
Како што објавуваат српските медиуми, несреќата се случи кога возач на автомобил „цитроен“, В.К. (62), возејќи од правец на Шабац свртел лево на спореден пат.
Тој го пресекол патот на возачот на мотоцикл „сузуки“ со германски таблички, управуван од Драган Лазиќ (32), кој се движел во правец од Ваљево кон Шабац.
Драган починал за време на транспортот до Здравствениот дом во Владимирци.
Патник во автомобилот со повреди бил пренесен во болницата во Шабац, објавуваат медиумите.






