Во соработка со „Филозофски Филмски Фестивал” Мираи бесплатно на Синесквер до 23 мај

Детската имагинација не е само волшебно патување во замислен свет. Таа честопати своето извориште и инспирација ги има во зачуденоста од реалниот свет и од опкружувањето во кое детето расте и се развива. Затоа имагинацијата не претставува само изблик на креативност, туку во голем број случаи е резултат на изворната детска вчудовиденост пред големите прашања за светот, за себе си и за другите луѓе.

На 23 мај (вторник) со почеток во 18:00 часот ќе се одржи онлајн работилница со д-р Мартин Поповски. Подлошка и услов за успешно спроведување на работилницата е анимираниот филм МИРАИ (Mirai no Mirai, 2018) кој ќе биде бесплатно достапен нa VoD платформата Cinesquare од 16-ти до 23-ми мај (потребно е да го гледате филмот пред да се вклучите на онлајн работилницата). Можност за учество имаат деца на возраст од 9 до 11 години – бројот на учесници е ограничен на 10.
Рокот за пријавување е до 21-ви мај (недела). Потврда за учество ќе Ви биде испратена на најдоцна на истиот датум.
👉Филмот ќе биде достапен на овој ЛИНК

👉Пријава на работилницата преку овој ЛИНК

Back to top button
Close